Хамилтон е уверен во нова шампионска титула за Верстапен

Макс Луис

Новото откажување на Чарлс Леклер му овозможи на Макс Верстапен уште повеќе да ја зголеми предноста во генералниот пласман. Возачот на Ред Бул победи во Франција и продолжи да чекори кон втора шампионска титула.

Луис Хамилтон предвидува дека минатогодишниот ривал за трофејот не би требало да има проблеми до крајот на сезоната.

„Тоа е огромна предност за Макс, па очекувам лесно да стигне до нова титула. Но, може многу да се случи, би им препорачал на Ферари само да ги „спуштат главите и да продолжат да притискаат““ , изјави Британецот.

Верстапен има 233, а второпласираниот Леклер заостанува со 170 бодови. До крајот на тековната сезона има уште единаесет трки.