• Иван Димовски

Луис Хамилтон доби позитивен наод на коронавирусот, откако по трката за Големата Награда на Бахреин појавил благи симптоми. Британецот бил веднаш тестиран и ќе мора да мине период на самоизолација.
Иако веќе ја обезбеди титулата во Турција, Хамилтон беше убедлив и во Бахреин, а со сигурност посакуваше уште две победи на последните трки во Формула 1 сезоната. Сепак, сигурно е дека нема да води овој викенд на истата патека во трката за Големата Награда на Сакхир.
BREAKING: Lewis Hamilton will miss this weekend's Sakhir Grand Prix in Bahrain after a positive test for Covid-19 pic.twitter.com/c0XCfyDmWZ
— Formula 1 (@F1) December 1, 2020
Засега не е познато кој ќе го заземе неговото место во брзиот Мерцедес овој викенд, но доколку Хамилтон не добие негативен тест во наредните две седмици, може да ја пропушти и последната трка во Абу Даби, што би значело дека сезоната за него е готова.