Хамилтон е „газда“ во Мерцедес, ќе бира кој ќе биде втор возач

Британскиот Ф1-возач Луис Хамилтон има голем авторитет во актуелниот тим на Мерцедес и ќе учествува во носењето на одлуката кој ќе биде втор член на тимот во наредната сезона.

Информацијата ја потврди Тото Волф, директорот на тимот, кој вели дека Луис е долго време со тимот и има право да учествува во одлуките.

„Оваа одлука може да биде само од корист за нашиот тим. Луис е долго време со нас и треба да го консултираме и да го прашаме за мислење. Ботас и Окон се најсериозните кандидати засега, а не сакам да одредувам датум кога ќе ја соопштиме одлуката“, изјави Волф.

Втор возач на Мерцедес оваа сезона е Валтери Ботас, но се поверојатно е дека тој ќе си оди од екипата.