Хамилтон доби казна и „пенал“ од три позиции пред трката за ГН на Австрија

Актуелниот првак во Ф1, Луис Хамилтон, нема да стартува од второто место на трката за ГН на Австрија затоа што доби казна од стјуартите поради дуел со Кими Раиконен.

Британецот ќе тргне од петтото место, затоа што го попречил Раиконен за време на првиот период од квалификациите.

Поради санкцијата, Макс Верстапен ќе стартува од второто место, трет е Валтери Ботас, додека четвртото место му припадна на Лендо Норис.

Трката за ГН на Австрија се вози в недела од 15:10 часот.