• Мартин Танасковски
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, откако во квалификациите оствари за само 0,0009 секунди подобро време од Џорџ Расел од Мерцедес. За седумкратниот светски шампион ова е прва пол-позиција по пауза од повеќе од две години, односно од квалификациите за Големата награда на Унгарија во 2023 година.
Од вториот ред ќе стартуваат Шарл Леклер и Андреа Кими Антонели. Италијанецот првично го заврши квалификацискиот настап на петтото место, но по казната за Макс Верстапен ќе стартува четврти. Во најдобрите десет се пласираа и Ландо Норис, Исак Хаџар, Арвид Линдблад, Лиам Лосон, Пјер Гасли и Франко Колапинто.
Посебно внимание ќе привлече настапот на Антонели, кој во недела има можност да ја обезбеди шампионската титула. На патеката „Автодромо Херманос Родригез“ ќе му биде доволно да заврши меѓу првите девет, дури и доколку неговиот најблизок ривал и тимски колега Џорџ Расел ја освои победата.
Италијанецот, кој минатиот викенд триумфираше во Тексас, има предност од 123 бода, а до крајот на сезоната остануваат уште пет трки. Во игра се максимални 125 бодови, па Антонели е на чекор до големиот успех. Главната трка за Големата награда на Мексико е закажана за в недела со почеток во 21:00 часот.