Хамилтон до Фетел: Доколку пилотите на Ферари си ја вршеа својата работа...

Хамилон Фетел изјава

Почетокот на новата сезона донесе незадоволство кај Себастијан Фетел, кој се пожали на доминацијата на конкурентите од Мерцедес.

На тоа веднаш пристигна одговор од Луис Хамилтон, бранителот на титулата, кој вели дека италијанската екипа треба да ја бара вината во себе, а не во останатите.

„Доколку пилотите на Ферари си ја завршеа работата како тоа што го направивме ние, ќе беше далеку понеизвесно. Ние работиме напорно. Немавме никакви додатоци на болидот, а Ферари имаше, па резултатите се изненадувачки.

Првите четири трки беа фантастични за нас, но не треба да се опуштаме. Треба да бидеме внимателни, бидејќи не знаеме што може да ни се случи во наредните неколку месеци“ , изјави британскиот возач.

Следува трката во Шпанија каде болидот на Ферари покажа најбрзи времиња за време на претсезонските тестови.