Хамилтон до 101. пол-позиција во кариерата на „Хунгароринг“

Британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на трката за ГН на Унгарија која ќе се вози на славната патека „Хунгароринг“.

Членот на Мерцедес имаше најбрзо време и заврши со 1:15.419 минути пред клупскиот колега Валтери Ботас кој беше поспор за 300 стотинки. Третото место му припадна на нивниот најголем ривал сезонава, Макс Верстапен од Ред Бул.

Четвртото место му припадна на Серхио Перез исто така од Ред Бул, по него следи Пјер Гасли од АлфаТаури, па доаѓаат Нандо Лорис од Мекларен, Чарлс Леклерк од Ферари, Естебан Окон и Ферандо Алонсо од Алпин и Себастијан Фетел од Астон Мартин.

Трката за Големата награда на Унгарија на „Хунгароринг“ се вози в недела од 15:00 часот.