Хамилтон: Ботас има ист болид како мене, па не бележи исти резултати

Луис Хамилтон оваа сезона испиша историја и многу рекорди, а на трката за Големата Награда на Турција ја освои и шестата титула во Формула 1. 

Британецот е оспоруван во голема мера, поради одличниот болид кој Мерцедес АМГ го има во последните години, па ниту еден тим не може да му парира на патеките. Сепак, Хамилтон токму во Турција покажа карактер и одлична трка, каде со пневматици стари 50 кругови стигна до победата на крајот. 

„Тоа беше тешка трка во која возачот не зависи само од болидот. Тука со мене има уште еден одличен возач, кој вози ист болид како јас, а гледате дека не постигнува резултати како мене. Имаме исти болиди и веројатно тој би требало да биде брз како мене, но очигледно тоа е доказ дека не е сè до болидот“, вели светскиот првак.

Со седмата титула, Хамилтон се израмни со легендарниот Михаел Шумахер и го засени успехот на Германецот од пред една ипол деценија.