Хамилтон: Болидот на Ферари не е добар, мора да се подобриме следната сезона!

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави дека неговиот болид сезонава не е во најдобра форма, критикувајќи ја рамнотежата и балансот при возењето. 

Возачот на Ферари смета дека болидот мора да биде далеку подобар за следната сезона, во која се надева дека ќе успее да бележи значително подобри резултати. 

„Оваа година болидот не е совршен, но мораме да работиме на негово подобрување. Имаме одлични конструктори и луѓе што точно си ја знаат својата работа. Мора да најдеме начин за да функционираме подобро.

Посочив неколку лични сугестии, но последниот збор го имаат конструкторите. Сакам да оставам длабок печат во овој тим, но мора значително да се подобриме“, рече Хамилтон. 

Хамилтон досега успеа да „собере“ само 103 бодови во конкуренција кај возачите и се наоѓа далеку зад водечкиот Оскар Пјастри, кој во моментов има 234 бодови на првата позиција.  

ФОТО/PHOTO: Scuderia Ferrari/Facebook