Хамилтон блесна на домашен терен и ја освои пол-позицијата за спринтот на Силверстоун

Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на спринт трката за Големата награда на Велика Британија, откако беше најбрз во спринт-квалификациите на легендарната патека Силверстоун.

Британскиот ас до пол-позицијата стигна со само 11 илјадити делови од секундата предност во однос на младиот Кими Антонели, кој ќе стартува веднаш до него од првиот ред.

Од вториот стартен ред ќе тргнат актуелниот шампион Макс Ферстапен и возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека во најдобрите десет се пласираа и Џорџ Расел, Ландо Норис, Оскар Пјастри, Исак Хаџар, Лијам Лосон и Арвид Линдблад.

Возбудувањата на Силверстоун продолжуваат утре, кога на програмата се спринт трката и квалификациите за главната трка, додека Големата награда на Велика Британија ќе се вози во недела.