ВИДЕО: Хамилтон бесен на Ферари, го испрати тимот на пауза за чај за време на трката!

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, имаше многу што да каже за тактиките на својот тим за време на  трката за Големата награда на Мајами, а голем дел од тоа можеше да се чуве во преносот. Меѓу другото, седумкратниот светски шампион му рече на својот тим да направи пауза за чај за време на трката, на која заврши како осми, зад тимскиот колега Шарл Леклер.

Хамилтон на улиците во Мајами започна од дванаесеттата позиција, но се пробиваше покрај Леклер, а потоа постојано му сугерираше на тимот дека можат да му кажат на својот тимски колега да го пушти.

Сепак, инженерот Рикардо Адами му рече на Хамилтон да остане зад Леклер, на што тој одговори: „Сакате да седам тука цела трка? Ова не е добра тимска работа, тоа е сè што ќе кажам“.

На крајот, Леклер го пушти Хамилтон, но само откако коментираше „Се преселив во Кина“, и откако му беше кажано да ги променат позициите, му рече на тимот: „Одете на пауза за чај“.

  • Целосната радио-комуникација:

Победник на трката во Мајами беше Оскар Пјастри од Мекларен.