Хамилтон атакува на апсолутен рекорд на патеката Силверстоун

Луис Хамилтон Силверстоун

Големиот фаворит за титулата во Ф1 шампионатот Луис Хамилтон има исто победи (5) на патеката Силверстоун со легендарниот Алан Прост.

Од 2014 до 2018 година, возачот на Мерцедес победи на четири трки и извиси само минатата сезона. На највисокото место на пиедесталот лани се искачи неговиот лут ривал од Ферари, Себастијан Фетел.

По лошите резултати во Австрија, Ботас и Хамилтон се подготвени повторно да се вратат на старите навики во Велика Британија. 

Бранителот на титулата е голем фаворит за победата со која ќе испише историја пред домашната публика и ќе се осамостои на вечната листа на победници на оваа легендарна патека.

Трката за ГН на Велика Британија ќе се одржи на 14 јули.