• Саше Љолес
Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, упати пофални зборови за својата замена во тимот на Мерцедес, Андреа „Кими“ Антонели, давајќи му голема поддршка и покрај непосакуваните резултати во последно време.
Младиот италијански возач наскоро ќе наполни 19 години, а оваа сезона започна одлично во Формила 1, затоа што се најде меѓу шесте најдобри на првите пет трки, но оттогаш само еднаш освои бодови.
„Не можам да замислам како му е на 18-годишно момче кое го прави тоа што го прави. Му оди фантастично, покажува огромен квалитет на многу рана возраст.
Кими немаше ниту возачка дозвола кога започна да вози професионално во Формула 1. Тоа е голем товар за било чии плеќи, мислам дека пред него е исклучително светла иднина“, рече Хамилтон.
Антонели досега успеа да освои 63 поени, еднаш се најде и на подиумот, а во генералниот пласман се наоѓа на седмата позиција.
ФОТО/PHOTO: Formula1.com