Хамилтон: 2011 година ми беше најтешката во животот

Хамилтон

Луис Хамилтон не успеа да ја победи конкуренцијата и оваа сезона, титулата во Ф1-спортот замина во рацете на Макс Верстапен. И покрај лошото издание на Мерцедес, Британецот не смета дека оваа година му била најлошата во кариерата.

„Мислам дека 2011 година ми беше најтешката година во животот. Таа и уште две сезони ми се многу тешки кога ќе размислам за нив. Но, таа година ме направи посилен и важно ми беше што сите останавме обединети“, изјави Хамилтон.

Британскиот Формула 1возач оваа сезона заврши на шестото место во генералниот пласман со 240 бода. Колку за илустрација на лошата сезона на Хамилтон, лидерот Макс Верстапен заврши со 454 бода, пред Чарлс Леклерк со 308 бода.