• Иван Димовски

Никита Мазепин успеа да направи скандал уште пред да дојде во Формула 1, откако објави експлицитно видео на кое се гледа како допира девојка и ја снима. Тој беше веднаш осуден за оваа постапка и се шпекулираше дека можеби ќе добие отказ во Хаас.
Сепак, овој тим го потврди Мазепин заедно со Мик Шумахер ќе вози во гридот за сезоната 2021 во најбрзото авто-мото шоу.
„Хаас Формула 1 тимот потврдува дека Никита Мазепин и Мик Шумахер ќе ја формираат возачката постава за светското првенство на ФИА Формула 1 за 2021 година. Според претходните изјави на тимот во врска на постапките на Никита Мазепин, ова прашање е решено интерно и повеќе нема да има понатамошни коментари“, напишаа од Хаас.
Мазепин ќе дебитира во Формула 1 на стартот на новата сезона, но сепак се очекува да биде во втор план бидејќи неговиот тимски колега Мик Шумахер веќе ги собира погледите од медиумите поради својот татко Михаел. Едно е сигурно Хаас ќе добие популарност, а можеби и спонзори за наредните сезони во Формула 1, па можеби и ќе направат конкурентен болид.