• Иван Димовски

Гуанју Жу и Алфа Ромео ги „украдоа аплаузите“ на светската јавност, откако на вторите официјални тестови во Бахреин забележаа најдобро време.
Младиот кинески возач покажа дека во болидот на Алфа има потенцијал, забележа време од 1:31,610 и со тоа беше за 0,040 секунди побрз од шампионот Макс Верстапен. Одново високо котира Фернандо Алонсо, што е уште еден показател за вртоглавиот напредок на Астон Мартин. Изненадувачки беше пласманот на Де Врис на четвртото и Хулкенберг на петтото место, пред Карлос Саинц, новајлијата Сарџент, Леклер, Пиастри и Гасли во топ десет.
По двата дена тестови може да се заклучи дека Ред Бул и натаму има најдобро оптимизиран болид, со огромна брзина. Ферари е исто така доста брз, меѓутоа во претсезоната има мака со потрошувачката на пневматици, Мерцедес засега заостанува, а сериозен е напредокот на Астон Мартин. Иако е претсезона и ниту еден тим не ги „отвора картите“ во целост, останува впечаток дека Мекларен и Алпин заостануваат, па може да дојде до промена во поредокот.