Грожан призна: Го сметав „хало“ за непотребен, а сега ми го спаси животот

Роман Грожан беше дел од една од најстрашните несреќи во поновата историја на Формула 1. 

Французинот излета од патеката во Бахреин и се заби во безбедносниот ѕид, што предизвика експлозија, а возачот имаше многу среќа и брзо излета од болидот, со што си го спаси животот. Според најавите, заштитниот систем „хало“ му го спасил животот на Грожан, поточно металната обвивка над главата на возачите во болидот. 

„Пред неколку години сметав дека „хало“ е непотребен дел, а денес тоа е најдобрата работа во Ф1. Без неа денес веројатно немаше да можам да ви се обратам, тоа ме спаси“, изјави Грожан. 

Грожан навистина имаше среќа што бргу излета од запалениот болид, а голема помош беше и преполовувањето на целосното возило на половина, што му даде опција да излета.