ФОТО: Грожан покажа како му изгледаат рацете по страшната несреќа во Бахреин

Роман Грожан дефинитивно ја имаше најстрашната незгода во Формула 1 за 2020 година, но можеби и во последната деценија откако во Бахреин излета од патеката, се удри во заштитниот ѕид и болидот му експлодираше. 

  • Страшната несреќа во Бахреин:

Дефинитивно сега веќе поранешниот возач на Хаас имаше многу среќа, бидејќи неговиот болид се преполови и тој можеше да го напушти местото на несреќата, а заработи „само“ изгореници на рацете. Тој во последниот месец ги бандажира и витка со завој рацете, а очигледно заздравувањето оди според планот. 

Французинот на својот Инстаграм профил објави фотографии од десната рака, која помалку страдала, додека за левата напиша дека му е подобра, но сè уште не е за фотографирање. За жал за Грожан тоа беше последна трка во редовите на Хаас, а многу веројатно нема да пронајде нов ангажман во Формула 1 за новата сезона.