ВИДЕО: Верстапен „жртва“ на пукнат пневматик, Хамилтон направи апсурдна грешка

Макс

Ред Бул може да биде задоволен од победата на Серхио Перез на трката во Азербејџан, но не и од начинот на кој што заврши денот за Макс Верстапен.

Младиот холандски пилот имаше целосна контрола врз трката до моментот кога му пукна гума. На четири круга до крајот, тој излета од патеката и остана без пласман, завршувајќи ја трката на трагичен начин.

  • Судирот на Верстапен во Баку:

Луис Хамилтон можеше да се врати на врвот на генералниот пласман, но остана без бодови, откако на повторениот старт на еден круг до крајот излета од патеката, во обид да стигне до првото место на Серхио Перез.

  • Грешката на Хамилтон во завршницата:

Верстапен остана на врвот во генералниот пласман, во пресрет на трката во Канада на 13 јуни.