Голем кикс на Антонели и пол-позиција за Џорџ Расел во Баку

Џорџ Расел ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Азербејџан, откако возачот на Мерцедес беше најбрз во квалификациите на улиците на Баку.

Британецот извозе одлични квалификации и до пол-позицијата стигна со време од 1:42.526 минути. Зад него заврши Шарл Леклер со Ферари, кој заостана 837 илјадинки, додека трет беше Оскар Пјастри од Мекларен, само една илјадитинка зад возачот од Монако.

Расел практично ја реши битката за првата стартна позиција со својот последен брз круг. Откако Пјастри во еден момент се искачи на врвот, возачот на Мерцедес презеде контрола и дополнително го подобри своето време за речиси половина секунда.

Квалификациите донесоа голем удар за лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели. Италијанецот излета уште во првата кривина и удри во заштитната ограда, по што за него заврши борбата за подобар пласман. Иако успеа да обезбеди место во вториот сегмент, оштетувањата на болидот не му дозволија повторно да излезе на патеката. Антонели утре ќе стартува дури од 16. позиција.

Од четвртото место ќе тргне Исак Хаџар. Актуелниот шампион Ландо Норис го освои петтото место, пред Луис Хамилтон, Пјер Гасли, четирикратниот светски шампион Макс Верстапен, Карлос Саинц и Франко Колапинто.