Голем инцидент на релито Дакар: Камионџија прегази навивач среде пустина! (ВИДЕО)

Петтата етапа од легендарното рели натпреварување Дакар, ни го донесе најголемиот досегашен инцидент, бидејќи рускиот возач на камион Андреј Каргинов прегази навивач и тоа среде пустина. 

42-годишниот Русин важи за искусен шофер со голем број на вакви натпреварувања, но мало негово невнимание можеше да му ја оцрни богатата кариера, откако налета на група навивачи по што настрада еден фан од Јужна Африка. 

За среќа, прегазениот фан не помина со сериозни повреди. Веднаш беше пренесен на болница, каде му беше извршена хируршка интервенција и е надвор од животна опасност. Каргинов, пак, заради овој инциден е суспендиран.