ВИДЕО: Голем ден за семејството Шумахер, Мик ја забележа првата победа во Формула 2! 

Мик Шумахер, син на Формула 1 легендата Михаел Шумахер, ја забележа својата прва победа во кариерата во Формула 2 шампионатот. 

20-годишниот Германец имаше фантастична трка на патеката Хунгароринг во Будимпешта. Уште од самиот старт на трката ги одби сите закани на противниците за потоа на рутински начин да го запише своето прво историско највисоко место на пиедесталот. 

На втората позиција заврши Муцушита од Јапонија, додека на третото место се пласира Камара.

Лидерот во генералниот пласман, Ник Де Врис имаше разочарувачка трка и застана на шестото место, пред својот најголем ривал Николас Латиф.