• Иван Димовски
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, потпиша нов договор со Ред Бул и ќе остане во тимот до крајот на 2030 година.
Со новиот договор, Холанѓанецот стави крај на шпекулациите околу својата иднина, откако во изминатиот период беше поврзуван со можен трансфер во Мерцедес или Мекларен.
„Ги имаме најдобрите луѓе и возбуден сум што ќе продолжиме да работиме заедно и ќе се обидеме повторно да се вратиме на врвот“, прокоментира Верстапен.
Верстапен во Ред Бул пристигна во 2016 година, откако претходно возеше за Торо Росо. Со тимот од Милтон Кинс стана четирикратен светски шампион и досега оствари голем број победи и подиуми. Со новиот договор Холанѓанецот покажа дека има верба во долгорочниот проект на тимот.
Ред Бул има тежок старт на сезоната во ерата на новите правила за болидите и моторите, а најдобри резултати на Верстапен досега се вторите места на трките за Големата награда на Австрија и Унгарија.