Го потврди ли Хамилтон трачот дека е во врска со Кардашијан?

Од почетокот на годината сè погласни се шпекулациите дека седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, е во врска со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Двајцата беа забележани заедно на Супербоулот во Сан Франциско на почетокот на февруари, по што неколкупати повторно се појавија во јавност заедно. Сепак, до неодамна ниту еден од нив јавно не споделуваше содржина што би ја потврдила нивната блискост.

Тоа се промени кога Хамилтон објави видео на социјалната мрежа Инстаграм, снимено во Токио кон крајот на март. Видеото, насловено „Токио Дрифт 3“, го прикажува британскиот возач зад воланот на Ферари Ф40, додека на совозачкото место се појавува токму Кардашијан.

Со оваа објава, Хамилтон на индиректен начин даде потврда за трачот за нивниот однос, ставајќи крај на дел од шпекулациите кои циркулираа во јавноста во изминатите месеци.