Германската компанија Ауди сака да купи култен Формула 1 тим?

Германската автомобилска компанија Ауди се припрема да ја купи култната компанија Мекларен и сите нејзини разни гранки. Со тоа, би бил преземен и Формула 1 тимот кој зад себе има огромна и богата традиција. 

Ауди има амбиции да се приклучи во „најбрзиот тркачки циркуз“, како најпрестижно тркачко натпреварување. Овие информации ги пренесоа британските медиуми, а веројатно има вистина во нив. Мекларен во последните години не е конкурентен како во минатото. Последниот трофеј го освои Луис Хамилтон во 2008 година, како дебитант во Формула 1. Вкупно Мекларен има дванаесет шампионски трофеи на индивидуално и осум конструкторски титули.

На тимот му е итно потребен капитал, па преземање на компанијата од страна на Ауди би била одлична вест за фановите. Во моментов Мекларен користи мотор на Мерцедес, ама доколку Ауди го откупи тимот и бргу развие свој, би можеле да го имплементираат во болидите. Сепак, овие информации се само теорија и останува да видиме дали е можно да се исполнат најавите.