Герхард Бергер: Формула 1 не е повеќе спектакл

Герхард Бергер

Некогашниот пилот во Формула 1 шампионатот, Австриецот Герхард Бергер, се наврати на минатото, кога шампионатот беше вистински спектакл, кој со нетрпение се очекуваше да започне. За разлика оттогаш, според Бергер, сегашното натпреварување не е ни приближно спектакуларно како порано. 

„Во мое време беше различно. Кога ние ќе го завртевме првиот свиок, не се знаеше победникот на трката. Во текот на трката можеше да останеш без гориво, да ти се расипе менувач, или пак, моторот да не издржи до крајот на трката. Сега, уште на старт знаеме дека Хамилтон или Розберг ќе бидат победници. Ова се многу тешки времиња за Формула 1“ , изјави австрискиот пилот. 

Во својата 14-годишна кариера, Бергер нема освоено ниту една титула и има забележано само 10 победи.