„Газета“ го откри новиот изглед на Ф1 болидот на Ферари

„Газета дело Спорт“ го откри новиот изглед на Формула 1 болидот на Ферари, кој во моментов е со кодно име 667. Новиот болид на Ферари ќе биде претставен преку интернет презентација на 19 февруари, само неколку дена пред почетокот на официјалните тестови кои ќе се одржат во Барселона. 

Како што наведува италијанскиот медиум, новиот болид на Ферари ќе има потполно различна шема на бои од претходниот. Наводно ќе има повеќе бела боја во пределите околу возачката кабина, а најмногу ќе наликува на болидот од далечната 1993 година.