• Сашо Поповски

Индискиот бизнисмен и милијардер, Виџај Малиа вели дека е спремен за својата пензија, која би требало да се случи многу брзо. Тој вели дека размислувал да се повлечe од својот бизнис во Формула 1 шампионатот. Нeговиот тим би можел да заврши во рацете на Астон Мартин или Џони Вокер, за кои вели дека се најсериозни кандидати за купување на Форс Индија.
„Не размислувам целосно за пензија, но кога ќе наполните 60 години почнувате активно да размислувате за тоа, нели? Не гледам ништо лошо во тоа и јас да почнам да ужувам во животот во пензија“ , вели газдата на Форс Индија.
Виџај Малиа полни 60 години во декември.