• Иван Димовски
Директорот на Формула 1, Стефано Доменикали имаше состанок со премиерката на Тајланд, а причина беше додавање на трка на календарот во оваа земја.
Според најавите се работи за уште една улична трка, би требало да се вози по улиците на Бангкок. Пораките од Тајланд се позитивни, но нацијата треба да одреди дали има капацитет за да биде домаќин на една трка во Формула 1. Откако владата ќе донесе одлука може да се продолжи со преговори со челниците на овој спорт.
Тајланд веќе има патека во Буринам, меѓутоа желбите се Формула 1 трката да се вози во главниот град.
Доколку продолжат позитивните преговори, трка во Бангкок би можела да се вози најрано во 2028 година.