Формула 1 во црно: Почина Чарли Вајтинг, директор на трките!

Чарли Вајтинг, директор на трките во Формула 1 и делегат за безбедност на најбрзиот циркус, почина во 66-та година од својот живот, соопштија од ФИА.

Вајтинг почина само еден ден пред стартот на новата сезона, во Мелбурн од белодробна емболија.

„Со голема тага соопштуваме дека почина нашиот Чарли. Го познавав долги години, беше извонреден директор и единствена фигура, која ја постави етиката во овој спорт", изјави Жан Тодт.

Чарли Вајтинг кариерата во Формула 1 ја започна во 1977 година, во тимот на Хескет Рејсинг, а од 1997 година е поставен за директор на трките и делегат за безбедност.