Формула 1 сезоната под опасност да биде откажана!?

Сингапур

Челниците на Формула 1 шампионатот работат напорно за да го задржат планираниот календар за тековната сезона кој брои 23 трки.

Поради причини поврзани со коронавирус, откажан е настанот во Сингапур. Исто така под знак прашалник се трките во Бразил, Јапонија, Мексико и Австралија.

Формула 1 работи на потенцијални дополнителни настани во Турција, Кина и втора трка во Остин, Тексас - иако тоа не се опции за кои се верува дека се безбедни.

Надлежните органи во Сингапур донесоа ваква одлука поради рестрикциите при патување на странски државјани.