Формула 1 се враќа на крајот од август, со две нови патеки во календарот?

Организаторите на Формула 1 се борат да изготват план за сезоната да не пропадне во целост, па во комбинација влегуваат и трки кои не беа во планираниот календар.

Патеките кои би можеле да бидат дел од Формула 1 календарот се оние во Муџело, Италија и Алагарве во Португалија.

Стартот на сезоната се планира да биде на 30 август во Белгија, па за кратко треба да се вози во Монца, а доколку се потврди и во Муџело. По италијанската турнеја, возачите би имале пауза, пред да отпатуваат во Сочи, па на Алгарве и крајот би бил во Монтреал, Канада. 

Досега на португалската патека се нема возено трка од „најскапиот циркуз“ на светот, а во 2008 и 2009 година се користеше само за тестирање на перформансите на болидите.