• Иван Димовски
Формула 1 официјално потврди дека Големата награда на Бахреин во 2026 година нема да се вози на традиционалната патека, туку на легендарниот Сепанг во Малезија. Одлуката е резултат на договор меѓу Формула 1, ФИА и владите на Бахреин и Малезија, со што е избегнато целосно откажување на трката од календарот.
Сепанг беше дел од шампионатот од 1999 до 2017 година и важи за една од најпредизвикувачките патеки, позната по високите температури, влажноста и честите ненадејни дождови.
„Формула 1 уште еднаш покажа дека може брзо да најде решение и да обезбеди комплетен календар. Сепанг има посебно место во историјата на нашиот спорт и сигурни сме дека враќањето во Малезија ќе биде одлична вест за навивачите“, изјави првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали.
Трката е закажана од 2 до 4 октомври и ќе се вози меѓу трките за Големата награда на Азербејџан и Сингапур. Настанот ќе го носи името „Голема награда на Бахреин во Малезија“, а конечната потврда треба да ја даде Светскиот совет за автомобилизам при ФИА.