„Формула 1 може да го надмине фудбалот според популарноста“

Формула 1 спортот во блиска иднина ќе го надмине фудбалот според популарноста, барем така размислува возачот на Алпин, Естебан Окон.

Последната сезона ни ја даде една од највозбудливите битки за титула во историјата која се водеше меѓу Луис Хамилтон од Мерцедес и Макс Верстапен од Ред Бул. Сите очи беа вперени кон Абу Даби, каде Холанѓанецот се искачи на тронот во последниот круг.

„Мислам дека начинот на кој Формула 1 расте е фантастичен. Ако болидите се уште подобри следната сезона, може да следи нов ваков расплет на настаните. Најверојатно ќе го замениме фудбалот според популарноста. Многу ќе сум среќен ако тоа се случи, во моментов насекаде се говори за Формула 1, дури и од луѓе кои не го гледаа овој спорт претходно“, изјави Окон.

Новата Ф1-сезона ќе стартува пред крајот на месец март.