Формула 1 ќе се вози во Мајами уште најмалку 16 години!

Формула 1 потврди дека договорот со организаторот на трката за Големата награда на Мајами е продолжен. 

Актуелната соработка беше валидна до 2031 година, меѓутоа сопствениците на правата за овој спорт „Либерти Медиа“ и организаторот имаат долгорочни планови заедно. Трката на Мајами доби огромен договор до 2041 година, што е за неверојатни 16 години отсега. 

Овие вести дојдоа непосредно пред трката во Мајами, бидејќи истата се вози викендов. На распоредот во Флорида е и спринт в сабота, како дополнување на главната трка в недела.