Формула 1 ѝ одзема две трки на легендарната „Спа“ до 2031 година

Челниците на Формула 1 се договорија со организаторите на Големата награда на Белгија и ставија потпис на нов договор кој ќе биде во времетраење до 2031 година. 

Сепак, ова е специфичен договор бидејќи според него две години во интервалот до 2031 нема да се вози на легендарната „Спа Франкоршамп“. Оваа патека е една од најлегендарните во Формула 1, па поради притисокот на јавноста останува во календарот. Сепак, потпишан е уникатен договор според кој на Белгија ѝ се одземаат две трки.

Договорот на Белгијците со челниците на овој спорт вели дека ќе биде организатор на трки во 2026, 2027, 2029 и 2031 година, а не и во 2028 и 2030 година. Овие две години ќе се вози на друга патека наместо на „Спа“. 

Овогодинешната трка не беше под знак прашалник бидејќи претходниот договор на „Спа“ беше до 2025 година.