Формула 1 го исфрли „Ролекс“, потпиша нов договор вреден една милијарда долари!

Челните лица на Формула 1 објавија дека досегашниот официјален партнер за мерење на времето, „Ролекс“, ќе биде заменет со брендот „Таг Хојер“, со кој е потишана десетгодишна соработка вредна една милијарда евра!

Договорот со конгломератот „LVMH" ќе овозможи полиберален пристап за многу брендови кои ќе сакаат да се рекламираат во престижното натпреварување, а „Таг Хојер“ е првиот кој изразил голема желба за соработка и ќе биде партнер на Формула 1 од следната сезона. 

Овој бренд не е нов за навивачите на Формула 1, а повозрасните сигурно ќе се присетат дека „Таг Хојер“ беше официјален мерач на времето во периодот помеѓу 1992 и 2003 година.