Формула 1 е спорт на богатите, а еве ги најплатените возачи

Формула 1 е еден од најскапите спортови на светот. Поради тоа, првите ѕвезди во овој авто-мото спорт имаат сериозни примања на основа на годишна плата. 

Добро упатениот „Форбс“ ги откри најплатените возачи во Формула 1. Сосема очекувано, на врвот на листата се наоѓа шампионот Макс Верстапен, а го следи седумкратниот шампион Луис Хамилтон. Сериозно висока плата има уште Фернандо Алонсо, а над дваесет милиони евра е и Чеко Перез.

  • Листа на десетте најплатени возачи во Формула 1:
  1. Макс Верстапен (Ред Бул, 70 милиони евра)
  2. Луис Хамилтон (Мерцедес, 55 милиони евра)
  3. Фернандо Алонсо (Астон Мартин, 34 милиони евра)
  4. Серхио Перез (Ред Бул, 26 милиони евра)
  5. Шарл Леклер (Ферари, 19 милиони евра)
  6. Ландо Норис (Меклларен, 15 милиони евра)
  7. Карлос Саинц (Ферари, 14 милиони евра)
  8. Џорџ Расел (Мерцедес, 9 милиони евра)
  9. Пјер Гасли (Алпин, 8 милиони евра)
  10. Оскар Пиастри (Мекларен, 8 милиони евра)

Три сезони во низа Макс е првак во Формула 1, откако ја прекина доминацијата на Мерцедес и Хамилтон. Новата сезона во овој спорт стартува во март.