Формула 1 доби нов шампион: Ландо Норис ја освои титулата!

Британскиот Ф1-возач Ландо Норис првпат во својата кариера ја освои светската титула во Формула 1, откако го направи потребното и се искачи на подиумот на Гран при трката во Абу Даби, со што беше ставен крај на сезоната 2025.

Британецот стартуваше од втора позиција зад Макс Верстапен, но уште во првиот круг го загуби второто место од својот тимски колега Оскар Пјастри, кој со одличен маневар на надворешната страна од деветтиот свиок успеа да го престигне. Норис не реагираше агресивно и не се впушти во борба со Макс Верстапен и Оскар Пјастри, свесен дека само подиум ќе биде доволен за да ја обезбеди титулата.

Во продолжение тој водеше целосно контролирано возење, финиширајќи на третото место и покрај моментот на вознемиреност во 23. круг при обидот за напад врз Јуки Цунода. Тогаш пилотот на Мекларен беше истиснат надвор од патеката на правецот пред шестиот свиок, но Норис не се откажа од обидот, што го привлече вниманието на стјуардите.

Со оваа титула на Ландо Норис, заврши владеењето на Макс Вертсапен во Формула 1 кој четири години во низа беше на тронот со Ред Бул.