• Иван Димовски
Време е за „финалето“ на Формула 1 сезоната, последната трка за Големата награда на Абу Даби по која ќе биде познат новиот или старо-новиот шампион. Ландо Норис е во најповолна позиција, тргнува од втората позиција и треба да заврши на подиумот за да ја обезбеди својата прва шампионска титула, додека за Макс Верстапен и Оскар Пиастри постојат повеќе математики.
Оваа трка ќе биде посебна, бидејќи ќе биде само десетта во историјата кога на последната претстава од сезоната три возачи се борат за титулата. Првпат такво нешто се случило во 1950 година, а пред 2025 последен пат се случи во 2010 кога историски четири возачи имаа математики за да бидат шампион.
Ова ќе биде триесет и прв пат во историјата титулата да се решава на последната трка.
- Листа на сезони кога шампионот се решавал во последна трка:
1950 - Џузепе Фарина, Луиџи Фаџоли, Хуан Мануел Фанџо*
1951 - Хуан Мануел Фанџо, Алберто Аскари, Џузепе Фарина*
1956 - Хуан Мануел Фанџо, Питер Колинс
1958 - Мајк Хавторн, Стирлинг Мос
1959 - Џек Брабхам, Стирлинг Мос
1962 - Грем Хил, Џим Кларк
1964 - Џон Суртис, Грем Хил, Џим Кларк*
1967 - Дени Хулми, Џек Брабхам
1968 - Грем Хил, Џеки Стјуарт, Дени Хулми*
1974 - Емерсон Фитипалди, Клеј Регацони, Џоди Шектер*
1976 - Џејмс Хант, Ники Лауда
1981 - Нелсон Пике, Карлос Ројтман, Џек Лафит*
1982 - Кеке Росберг, Дидие Пирони
1983 - Нелсон Пике, Алан Прост, Рене Арно*
1984 - Ники Лауда - Алан Прост
1986 - Алан Прост, Најџел Мансел, Нелсон Пике*
1988 - Аиртон Сена, Алан Прост
1994 - Михаел Шумахер, Дејмон Хил
1997 - Михаел Шумахер, Жал Виленев
1998 - Мика Хакинен, Михаел Шумахер
1999 - Мика Хакинен, Еди Ирвин
2003 - Михаел Шумахер, Кими Раиконен
2006 - Фернандо Алонсо - Михаел Шумахер
2007 - Кими Раиконен, Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо*
2008 - Луис Хамилтон, Фелипе Маса
2010 - Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо, Марк Вебер, Луис Хамилтон*
2012 - Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо
2014 - Луис Хамилтон, Нико Розберг
2016 - Нико Розберг, Луис Хамилтон
2021 - Макс Верстапен, Луис Хамилтон
2025 - Ландо Норис, Макс Верстапен, Оскар Пиастри
*трки во кои три или повеќе возачи имале математички шанси да бидат шампион на последната трка