ФИА: „Ореолот“ спречи сериозна повреда на Леклерк на „Спа“

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) заврши со истрагата на инцидентот кој се случи на „Спа“ и во кој учествуваа неколку возачи.

По стартот на трката за ГН на Белгија се судрија Нико Хулкенберг и Фернандо Алонсо. По силниот удар, еден од болидите летна над болидот на Чарлс Леклерк од Заубер и удри над неговата глава, но, за среќа, немаше посериозни последици.

Анализите велат дека сериозна повреда спречил „ореолот“ - новата додавка на болидите во Ф1, воведена оваа сезона.

На снимките јасно се гледа како болидот на Алонсо удира во „ореолот“, но потоа го менува движењето и се одбива, а во Леклерк завршуваат само неколку парчиња.