ФИА одлучи: Се враќа квалификацискиот формат од 2015 година

Берни Еклстон и Жан Тод

По негодувањето и потпишувањето на сите 11 екипи за менување на форматот на квалификации, ФИА одлучи да го прифати нивното барање, според кое од следната година ќе се врати стариот формат на одржување на квалификациите. 

На денешниот состанок, на кој учествуваа и Берни Еклстон и Жан Тод, мислењето на сите екипи беше едногласно, па челниците на автомобилската федерација немаа многу избор. 

Целиот процес би требало да биде завршен пред трката во Кина, кога одборот на ФИА ќе ја потврди донесената одлука.