Фетел: Возачите на Мерцедес остануваат фаворити и на трката во Бахреин

Германскиот пилот во тимот на Ферари, Себастијан Фетел уште една потенцира дека нема сомнежи дека тимот на Мерцедес е фаворит и на претстојната трка на патеката во Бахреин. На првата трка оваа сезона се чини дека Ферари беше многу блиску до победата, но на крајот ја изгубија битката со германскиот тим само поради погрешна тактика во изборот на гуми.

„Минатата година во Австрaлија имавме лоша трка, што не беше случај и оваа година. Тоа е сосема нормално поради формата која ја имаме во овој момент. Многу е тешко да се каже победникот на патеката во Бахреин, но мислам дека по виденото од првата трка Мерцедес е во блага предност“, изјави Фетел пред почетокот на викендот во Бахреин.

Минатата сезона на трката во Бахреин победник беше Хамилтон, пред колегата на Фетел, Кими Раиконен, а Германецот заврши како петтопласиран.