Фетел: Во Ферари мора да решиме три проблеми...

Германскиот Ф1-пилот Себастијан Фетел смета дека во тимот треба да се решат три проблеми, за повторно да се вратат посакуваните резултати и италијанскиот тим да ја освои титулата оваа сезона.

Фетел и Раиконен тргнаа одлично, но Хамилтон полека почна да се враќа во игра за тронот. Германецот ги посочи грешките и истакна што треба да се направи, за Ферари повторно да биде на нивото.

„Ние не бевме доволно брзи, а ако некој не го увиде тоа, тогаш е слеп. Тоа е прво нешто што мора да го поправиме. Второ, целиот викенд имавме проблеми со гумите. Амбицијата мора да ни биде да сме подобри од другите, а не лоши колку нив. Трето, сметам дека целиот викенд немавме самодоверба. Кими имаше многу големи проблеми. Мора да ги поправиме овие работи“, изјави Фетел.

Фетел е на второто место во генералниот пласман со 78 бода, а пред него е Луис Хамилтон со 95 бода. Разликата ја направи податокот дека Хамилтон има два подиума повеќе од Фетел.