Фетел прв мина низ целта, но заработи казна и му ја подари победата на Хамилтон

Германецот Себастијан Фетел во болидот на Ферари е трагичар на трката за Големата награда на Канада во Монтреал во рамките на Светскиот шампионат во Формула 1. Во драматична трка со Луис Хамилтон, Германецот го одби нападот на светскиот првак и во трка со многу перипетии прв мина низ целта. Но, тоа не значи дека на крајот ја однесе победата. 

Имено, Фетел заработи казна од пет секунди, која ја доби по 49-от круг заради загрозување на безбедноста на ривалот Хамилтон. Британецот тоа го искористи и откако ја мина целта, дозна дека се додаваат пет секунди на финалниот резултат на Фетел и победник во Монтреал е светскиот шампион. За Хамилтон ова е петта победа сезонава, трета во серија. 

Леклер возеше феноменално во последните неколку кругови, но не успеа да ги загрози двајцата најдобри и заврши на најниското место на пиедесталот. Бодови освоија уште и Ботас, Верстапен, Рикиардо, Хулкенберг, Гасли, Строл и Квај.

Во генералниот пласман за светскиот шампионат Хамилтон уште поубедливо е лидер, го следи Ботас, а Фетел останува третоппласиран. Во конкуренција на конструктори тимот на Мерцедес  има убедлива предност пред Ферари.