Фетел прави шокантен трансфер во Астон Мартин!?

Фетел

Себастијан Фетел сигурно заминува од Ферари, па постои голема дилема околу неговата иднина. Германецот потврди дека би сакал да продолжи во Формула 1, но за тоа да се случи ќе мора да добие примамлива понуда.

Наводно таа пристигна од екипата на Астон Мартин која сака да соработува со четирикратниот светски првак. Отмар Шафнауер, шефот на екипата, важи за голем пријател на германскиот пилот, што би можело да одигра клучна улога во неговата одлука.

Планот е Фетел да добие колега во Серхио Перез, кои треба да бидат водечки лица во новиот проект на сопственикот Лоренс Строл.

Ферари не е задоволен од големиот шампион, па одлучи да не му понуди нов договор. Неговите резултати беа далеку од очекувањата на тимот.