Фетел побрз од Хамилтон во битката за пол-позиција во Канада

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, ќе стартува од првата позиција на трката која ќе се вози за Големата Награда на Канада.

Германецот до првото место дојде во самиот финиш, кога беше побрз од директниот конкурент за врвот, Луис Хамилтон. Возачот на Мерецедес заврши како второпласиран, додека третата позиција му припадна на Чарлс Леклерк од Ферари.

Трката за ГН на Канада која е седма во калнедарот на Ф1 се вози в недела од 20:10 часот. 

Прв во генералниот пласман е Луис Хамилтон со 137 бода, пред Валтери Ботас со 120 поени. Потоа следи Себастијан Фетел со 82 бода, а по него се Макс Верстапен со 78 и Чарлс Леклерк со 57 бода.