Фетел: Ни фали нешто, а не знаеме што е тоа

Фетел

Новата сезона за Ферари започна со лош пласман на првата трка во Австралија. Главниот конкурент Мерцедес обезбеди еден-два победа, а пред двата пилоти на италијанската екипа се пласира и Макс Верстапен со неговиот Ред Бул.

Германецот Себастијан Фетел едвај заврши на четвртата позиција, а во пресрет на продолжениео од сезоната рече дека тимот мора да го поправи постоечкиот проблем.

„Проблемот со кој што се соочуваме оваа година нема врска со оној во 2018 година. Болидот и времињата се задоволителни, но ни фали уште нешто да бидеме на врвот. Засега не знаеме што е тоа.

Мора да пронајдеме решение и мислам дека тоа ќе го направиме набрзо, бидејќи знаеме дека болидот е далеку подобар од минатогодишниот“ , вели четирикратниот Ф1 првак.

Очигледно е дека Фетел има потреба од супериорен болид, бидејќи во текот на цела своја кариера не успеал да победи кога стартувал од вториот стартен ред.