Фетел: Нема голема разлика помеѓу Ферари и Мерцедес

Себастијан Фетел ферари

Себастијан Фетел е подготвен за борба со пилотите на Мерцедес, но вели дека наредната сезона ќе биде успешна само ако се подобри резултатот од минатата. 

„Сѐ што треба да направиме е да имаме подобра сезона од претходната. Разликата помеѓу нас и Мерцедес минатата година беше голема, но механичарите напорно работеа и сега сѐ е поинаку. Останува да видиме дали ќе имаме конкурентен болид за титула“ , изјави Германецот.

Германскиот пилот во Ферари ќе се обиде да стигне до втората победа во Австралија, од осум обиди.

„Ќе одам во Маранело за да работам на симулацијата на трката, за да бидам спремен. Исто така, треба да поработам и на физичката подготвеност, која секогаш треба да се подобри по празниците“ , додаде Фетел.

Шампионатот ќе започне со трката во Мелбурн, Австралија, на 20 март.