Фетел: Не жалам за последните години бидејќи научив многу во Ферари

Фетел

Себастијан Фетел зборуваше за очајниот период од кариерата во екипата на Ферари. Четирикратниот шампион ги разочара фановите и не ги исполни очекувањата со кои пристигна пред шест сезони.

33-годишникот ја завршува авантурата во италијанскиот тим и смета дека дел од неуспесите се негова вина.

„Има работи што требаше да ги направам подобро, работи што веројатно требаше да ги видам порано, борби што не требаше да ги бирам. Но, мислам дека сè што се случи ме донесе таму каде што сум сега. Ако сум фер и груб, тогаш признавам дека не успеав. Дали имаше причини за тоа? Веројатно да. Но, јас не ги прифаќам како изговори.

Не жалам за последните години бидејќи научив многу во моето време со Ферари - друга екипа, друга култура - но да, сигурно Ферари е посебен тим на многу начини и претпоставувам каде што ќе одам следно ќе биде различно . Со нетрпение очекувам да го направам тоа“, вели Германецот.

Фетел во наредната сезона ќе биде дел од екипата на Астон Мартин. Таму ќе го замени Мексиканецот, Серхио Перез.